Српската ракометарка Андреа Лекиќ која ја скина ахиловата тетива на Европското првенство, смета дека успехот на Хрватска која освои бронзен медал, е чудо. Некогаш најдобрата ракометарка на светот рече дека Хрватките приредиле ракометна бајка.
„Тоа што го направи Хрватска е ракометна бајка. Не знам дали им помогна тоа што играа без притисок, но исполнија невозможна мисија. Се бореа како лавици. Јас половина од тие девојки не ги знаев пред првенството. Сега сите ги запознав, затоа капа долу“ – рече 33-годишната Лекиќ на која и претстои долго отсуство од ракометните терени.
На последните две првенства Хрватките беа последни, никој не им даваше шанса ни дека ќе ја минат групата, но приредија големо изненадување.