Леклер го продолжи договорот со Ферари, непознато е за уште колку години

Шарл Леклер останува пилот на Ферари и по 2024 година, објавија од најпопуларниот Формула 1 тим.

Црното коњче не потврди на колку години е новиот договор, а се шпекулира дека е на пет, како што беше и претходниот договор со Леклер, со важност од 2019 до 2024 година.

Пилотот од Монако како возач на Ферари има пет победи, 30 подиуми, 23 пол-позиции. Леклер е дете на Ферари, во тимот е од 2016, кога беше дел од Академијата, па во тимот веруваат дека 26-годишникот е идеален за борба за титула во некоја од наредните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести