Леклерк е втор најмлад пилот со пол-позиција во Формула 1

Шарл Леклерк ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка (почеток 17 часот) за големата награда на Бахреин од Формула 1 шампионатот. Леклерк е вториот најмлад пилот во историјата кој освоил пол-позиција, а тој успеа да постави и нов рекорд на патеката.

Кариерата на младиот Леклерк драматично тргна во нагорна линија откако му се придружи на Ферари. Лани, тој имаше претпоследно најслабо време во квалификациите на патеката Шакир, но годинава кога му дадоа да управува со брз болид, тој покажа дека е одличен пилот.

Задоволството во Ферари го комплетираше Себастијан Фетел кој го освои второто место во квалификациите, и најавуваат подобри времиња за тимот после лошиот пласман на првата трка сезонава, во Австралија. Фетел е рекордер со четири победи во Бахреин. Зад двата болида на Ферари, се најдоа двата Мерцедеси, со Луис Хамилтон како трети и Валтери Ботас како четврти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести