Ленгле загуби еден заб, подготвен е на нова жртва за пехарот во ЛШ

Клемон Ленгле жртвуваше еден заб во дуелот со Мохамед Салах на вчерашниот прв полуфинален меч меѓу Барселона и Ливерпул, што Каталонците го добија со 3-0.

И вели дека не жали и дека е подготвен на нова жртва само Барселона да го освои пехарот.

„Не е ништо сериозно, иако останав без дел од забот, а ако треба ќе истрпам уште некој ваков старт само да стигнеме до целта“, вели Ленгле.

Тој одигра одличен меч, како и целата одбрана на Барселона и успеаја да не примат гол. Лионел Меси беше расположен во нападот, постигна два гола, првиот беше дело на Луис Суарес, па Каталонците имаат огромна предност од 3-0 за реваншот на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести