7.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Ленс го прегази Париз и го презеде врвот во Лига 1

Ленс продолжува силно во трката за титулата во Лига 1 откако вечерва на гостувањето кај Париз забележа убедлива победа од 0-5.

Од самиот почеток, гостите наметнаа силно темпо. Во 24-та минута Весли Саид ја отвори серијата со прецизен удар во долниот десен агол за 0-1, а потоа повторно во 38-та минута со прекрасен гол во левиот горен агол зголеми на 0-2.

Почетокот на второто полувреме донесе дополнителни проблеми за Париз, по повредата на Мамаду Сангара. Во 58-та минута судијата досуди пенал, а Флоријан Тован беше сигурен реализатор за 0-3.

Во финишот, Рајан Фофана постигна два гола во 90-та и 95-та минута, за конечни 0-5.
Со оваа победа, Ленс јасно испрати порака дека нема намера да попушти во трката за шампионската титула и дека сериозно го предизвикува ПСЖ во битката за врвот на табелата.

- Оглас -

Најнови вести