-2.2 C
Skopje
сабота, 3 јануари 2026

Ленс се погрижи ПСЖ да не презими на првото место во Франција

Фудбалерите на Ленс остварија сигурна победа од 0-3 на гостувањето кај Тулуз во 17-тото коло од француската Лига 1 и на најдобар можен начин го заокружија есенскиот дел од сезоната.

Тимот на Пјер Саж ја искористи бројната предност уште од 23-тата минута, кога Емерсон доби директен црвен картон, по што гостите целосно ја презедоа контролата на натпреварот.

Домашниот тим одолеваше речиси еден час, но во 57-та минута Весли Саид со прецизен удар ја затресе мрежата и го отвори резултатот. Прашањето околу победникот беше решено во 85-тата минута, кога Адриен Томасон најдобро се снајде по еден одбиток и погоди за 0-2.

Конечните 0-3 за Ленс ги постави Исмаело Гану во петтата минута од судиското продолжение, со силен удар од десната страна по асистенција на Томасон.

Со оваа победа, Ленс оди на зимска пауза како лидер на табелата со 40 бодови, четири повеќе од Пари Сен Жермен кој има натпревар помалку. Тулуз се наоѓа на осмата позиција со 23 бодови.

- Оглас -

Најнови вести