Ленс води со 2-1 по првото полувреме на дербито против Пари Сен Жермен, а вториот гол на домашните беше спектакуларен.
Фофана испрати прекрасно додавање кое се покажа како асистенција за гол, а Опенда го совлада Донарума, откако „го прати по бурек“ Бразилецот Маркињос.
Мечот почна супер, двата тима дадоа по еден гол во првите осум минути, на водството на Ленс преку Франковски, одговори Екитике од ПСЖ. Светците се први, а Ленс втор на табелата, па ако ПСЖ загуби, ќе има само четири бода предност пред вториот.