2.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Лео Меси уште еднаш блесна: Со три асистенции го водеше Интер Мајами до убедлива победа (Видео)

По ремито против Торонто и поразот од Чикаго, Интер Мајами конечно им се врати на победите. Иако не постигна гол, сепак, еден од најзаслужните, ако не и најзаслужен за победата беше Лионел Меси кој трипати асистираше во победата од 4-1 над Њу Ингланд.

Интер Мајами на полувремето имаше водство од 2-0, а Меси асистираше за двата гола, најпрво на Аленде, а потоа и на Алба. Во вториот дел следуваше нова асистенција до Аленде, откако противникот претходно намали на 2-1, а конечниот резултат го постави Алба во 63-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести