Леонардо: Беше тензично со Рамос

Серхио Рамос најголем дел од првиот дел од сезоната како играч на ПСЖ го мина закрепнувајќи се од повредите.

Дефанзивецот, кој летово пристигна како слободен агент од Реал Мадрид, никако да влезе во препознатливата форма, а спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, призна дека имало одредени тензии околу закрепнувањето.

„Навистина беше тензично со Рамос кога го потпишувавме. Знаевме дека има повреди коишто треба да се лечат и дека ќе биде добар дел надвор од терените, но се одлучивме да го повикаме.

И во досегашниот тек од сезоната навистина имаше некои изненадувања, но го очекуваме максимално да се врати во вториот дел, каде што ќе ни биде навистина потребен“, изјави Леонардо.

Рамос за ПСЖ досега одигра само еден натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести