Лесна и сигурна победа: “Старата дама“ е главна во Торино (Видео)

Фудбалерите на Торино и 19-ти натпревар во серија не знаат за победа над лутиот градски ривал Јувентус. “Старата дама“ третпат во серија победува во меѓусебните натпревари, овојпат со сигурни 2-0 за искачување на третата позиција на табелата.

Двата погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме, и двата од корнери кои ги изведе Јувентус од десната страна. Резултатот го отвори Федерико Гати во 47-мата минута, додека конечните 2-0 ги постигна Аркадиуш Милик во 62-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести