Лесни победи на фаворитите во Лигата на Европа, Ливерпул и Баер дури петпати ги тресеа мрежите

Во вечерниот термин за мечевите од третото коло во Лигата на Европа, фаворитите остварија лесни и убедливи победи.

Рома со головите на Бове и Лукаку со 2:0 ја совлада Славија Прага, а со истиот резултат славеше Брајтон над Ајакс, и тоа благодарение на головите на Жоао Педро и Ансу Фати.

Многу поубедливи беа Баер Леверкузен и Ливерпул, кои исто така остварија идентични победи, и тоа од 5:1.

Фармацевтите го победија Карабах, додека Црвените го демолираа Тулуз во меч во кој пет различни играчи на Ливерпул се запишаа во листата на стрелци (Жота, Ендо, Нуњес, Гравенберх, Салах).

Единствената гостинска победа ја оствари Рен, и тоа во Атина над Панатинаикос од 2:1. Гури уште во седмата минута му донесе водство на францускиот тим, а на стартот од вториот дел, Калимуендо зголеми на 0:2. Јоанидис во 61-вата минута намали на 1:2, но грчкиот тим не успеа да се спаси од пораз.

Резултати:
Рома – Славија Прага 2:0
Баер Леверкузен – Карабах 5:1
Брајтон – Ајакс 2:0
Ливерпул – Тулуз 5:1
Панатинаикос – Рен 1:2
Унион Сен Жил – Ласк 2:1
Шериф – Сервет 1:1

- Оглас -

Најнови вести