Лесно е да се биде тренер на Миовски, му велиш трчај и дај гол, и тој го прави тоа!

Тренерот на шкотски Абердин, Бери Робсон, не штеди зборови на пофалба за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, кој вчера со својот 15-ти гол сезонава му донесе победа на својот тим од 1-0.

„Лесно е да се работи со Бојан и да се биде негов тренер. Секогаш му велам дека негова работа е да трча и да постигнува голови…и тој тоа го прави. Го направи и против Ливингстон. Ливингстон е тим кој сака со прекини да го забавува темпото на игра, а Миовски со својот гол ги исфрли од ритам“ – изјави Робсон.

- Оглас -

Најнови вести