Лесно е кога ги имаш Мбапе и Меси – Пари Сен Жермен е клубот со најмногу голови на Мундијалот

Килијан Мбапе и Лионел Меси заедно постигнаа 8 гола до четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а Пари Сен Жермен е клубот со најмногу постигнати голови засега на шампионатот.

Мбапе е прв стрелец со пет гола, Меси има три, а по еден од таборот на француските Светци од Париз дадоа и Нејмар и Солер, па ПСЖ со вкупно 10 гола е прв на листата.

Мбапе, Меси и Нејмар ќе играат и во четвртфиналето и ПСЖ останува прв фаворит на клупски план, за да биде екипата чии играчи дале најмногу голови и по завршувањето на Мундијалот.

На второто место е Барселона со 8 гола, но Шпанија испадна, со тоа и грото играчи на Каталонците се враќаат дома и тешко дека можат да го загрозат ПСЖ.

Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челзи имаат играчи на Мундијалот што дадоа по шест гола, а по лиги убедливо најефикасни се фудбалерите од Премиер лигата во Англија.

Заедно дадоа 35 погодоци до четвртфиналето, речиси дупло од тие што настапуваат во француската Лига 1 со 18 гола.

Фудбалерите што играат во шпанската Ла Лига дадоа 15 погодоци, од Бундеслигата во Германија 13, а најнеефикасни од Топ-5 лигите во Европа се стрелците од Серија А со 11 гола, но тоа се должи и на отсуството на Италија од Мундијалот во Катар.

[@mikrofutbol]: World Cup Qatar 2022 scorers by leagues and clubs they play for from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести