Лестер испадна од Премиер лигата, но заработи милиони, Медисон и официјално е нов член на Тотенхем

Џејмс Медисон и официјално е нов фудбалер на Тотенхем, откако вечерва потпиша договор со тимот од Лондон.

Медисон стави параф на петгодишен договор со Тотенхем кој на Лестер му плати 40 милиони фунти отштета.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1674147122164236289?s=20

Медисон е второ засилување за Тотенхем летово, пред него беше ангажиран Гиљермо Висарио од Емполи.

Од друга страна, Лестер кој испадна од Премиер лигата, веќе остана без седум фудбалери коио си заминаа од тимот, покрај Медисон, тоа и Јури Тилеманс, Чаглар Сојунџу, Ајосе Перес, Даниер Амарти, Нампалис Менди и Рајан Бертран, но се очекува овој тренд да продолжи.

- Оглас -

Најнови вести