Лестер победи и го турна шампионот на третото место (видео)

Медисон и Барнс ја донесоа победата за Лестер од 2-0 против Саутхемптон со која Лисиците избија на втората позиција на табелата со 35 бода, еден помалку од лидерот Манчестер јунајтед, односно два повеќе од актуелниот првак Ливерпул.

Тимот на Брендан Роџерс се наметнува во трката за шампионската титула со овој триумф, па утре ќе се надева на поволен резултат на „Енфилд“ кој нема да им направи проблеми во моменталниот пласман.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1350543473687089154

Големото дерби на Англија е предвидено за ударниот термин во 17:30 часот, во кое неочекуван резултат може да го промени текот на трката за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести