Лет со 46 гренслем титули, Ѓоковиќ и Надал со ист авион отпатуваа во САД!

Дваја од тројцата најтрофејни тенисери во историјата и големи ривали на терените, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, со истиот авион отпатуваа од Шпанија кон САД, каде треба да играат на Мастерсот во Индијан Велс кој почнува на 6-ти март.

Тие на социјалните мрежи објавија заедничка фотографија, и собраа многу лајкови и коментари.

„Одлично друштво на пат кон САД“, напиша Ѓоковиќ, кој има изјавено дека како деца биле другари со Надал, но потоа не било можно да останат толку многу блиски поради ривалството на тениските терени, но почит помеѓу нив секогаш имало.

Инаку, тие и во 2021 година заедно патуваа со ист свион, тогаш од Барселона до Аделаида во Австралија. Ѓоковиќ нема играно во калифорниската пустина од изданието во 2019 година. Во последните две години, тој не можеше да влезе во САД бидејќи не беше вакциниран против коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести