Летаат голови во Манчестер и Лисабон, а Ливерпул и Милан не знаат да играат неинтересен меч

Мохамед Салах првпат после четири години утна пенал, но на почетокот на второто полувреме даде гол, па сега резултатот на дуелот помеѓу Ливерпул и Милан е 2-2.

Маик Маињан со одбранетиот пенал, стана првиот голман на Милан после Дида кој одбранил пенал во ЛШ. Последниот одбранет пенал на Дида беше во незаборавното финале, токму против Ливерпул во 2005 година, кога му фати шут од белата точка на Чаби Алонсо. Сепак, Египќанецот не дозволи да биде трагичар на средбата која Милан привремено ја сврте за 110 секунди во финишот на првото полувреме.

Освен во Ливерпул, ефикасно е на дуелите Манчестер сити – Лајпциг (4-2 во моментов) и Спортинг – Ајакс (1-4). Себастиен Алер од Ајакс е дебитант во ЛШ на 27-годишна возраст, а вечерва направи хет-трик.

ПСЖ има 1-1 против Бриж, а голот за парижаните го даде Андер Ерера, иако се очекуваше да погоди некој од големото трио Меси-Нејмар-Мбапе кои првпат играат заедно.

- Оглас -

Најнови вести