Салах после четири години утна пенал, и најави лоши нешта за Ливерпул против Милан

Милан направи неверојатен пресврт, и води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Ливерпул. Домашните рано поведоа, тоитално доминираа, имаа и пенал, но Мохамед Салах не погоди од белата точка за 2-0, и тоа како да ги освести гостите од Милано кои од две акции дадоа два гола и го презедоа водството.

За Салах ова беше само втор утнат пенал откако е во Ливерпул, а извел 19. Претходната утка му беше на дуел со Хадерсфилд во 2017 година. Милан покажа карактер, и приреди луд пресврт.

- Оглас -

Најнови вести