Леташе и канта во соблекувалната на Аргентина (Видео)

Аргентина покажа дека не случајно, со перфектен биланс стигна до четврт-финалето на Светското кошаркарско првенство. Гаучосите беа аутсајдери во дуелот против Србија, но на теренот покажаа одлична игра и на крајот заслужено се радуваа.

Во поголемиот дел од мечот, Аргентина имаше предност и на крајот сосема заслужено стигна до триумф од 97:87. По мечот, Аргентинците славеа во својата соблекувална. Во еден момент во соблекувалната „полета“ и една канта, но никој не се чудеше и сите продолжија со веселбата.

 

- Оглас -

Најнови вести