Полскиот ски скокач Пјотрек Зула имаше опасен пад на денешниот настап во Висла, во рамките од Светскиот куп.Во првата серија, Зула скокна 119 метри, но по доскокот, ја загуби рамнотежата и падна директно со лицето на снегот.
Лекарската екипа брзо стигна до повредениот ски скокач, но останаа збунети, откако Зула стана и не сакаше да добие никаква помош, туку едноставно сам си замина од патеката, иако целото лице му беше раскрвавено.
Зула најголемиот успех во кариерата го имаше во 2017 година, кога на Светското првенство го освои бронзениот медал. Ски скокачот најави дека е добро и дека планира да се појави на следната недела на натпреварувањето во Финска.