28.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Летечки старт на Арсенал, Себалјос ќе биде големо засилување

Дани Себалјос потврди дека ќе биде големо засилување за Арсенал, на првиот меч пред домашната публика на топчиите, а клубот од Лондон ја забележа и втората победа на стартот на Премиерлигата.

Најдобриот млад играч во Европа имаше две асистенции, првата за Лаказет во 13. минута, а потоа и за победа за Обамејанг во 64. минута.

Барнли одигра солиден меч, но успеа само да постигне почесен гол, преку Барнс за 1:1 во 43. минута.

Арсенал по две кола има максимални шест бода, а Барнли забележа по една победа и пораз.

- Оглас -

Најнови вести