Летечкиот швеѓанец, Арман Дуплантис, го сруши светскиот рекорд во скок со стап по 13-ти пат. Мондо Дуплантис на атлетскиот митинг во Будимпешта прескокна 6,29 метри од втор обид и за еден сантиметар го подобри сопствениот рекорд кој претходно го постави во Стокхолм.
Дуплантис само оваа година го подобрува својот светски рекорд трипати, а тоа го правеше дури 13 пати во својата кариера. Шведскиот атлетичар веќе четири години нема пораз и победува каде и да се појави.