На дуелот меѓу Персеполис и Алуминиум Арака во фудбалското првенство на Иран беше досуден еден од најсмешните пенали во фудбалот. При резултат 1:1, домаќините беа во, топката беше нафрлена во шеснаесетникот, а еден од фудбалерите буквално се фрли во воздух и падна на тревата.
Иако немаше контакт со ниту еден противнички играч, главниот судија на овој меч процени дека имало елементи на фаул и досуди пенал за домаќините. Иако Персеполис доби подарок пенал, на крајот гостите славеа со 3:2.