Летна распродажба на напаѓачи во Ајнтрахт – Ребиќ се договори со Милан

Анте Ребиќ ќе игра за Милан, откако од Ајнтрахт доби зелено светло за трансфер во последните мигови од преодниот рок.

Хрватскиот репрезентативец има рок до утре на полноќ да потпише за Милан и нема да пропушти шанса да игра за 7-кратниот европски првак.

Ребиќ ќе биде третиот напаѓач што Ајнтрахт го продава летово, откако Халер замина во Вест Хем, а Јовиќ во Реал Мадрид. Од тие двајца фудбалери популарните „орли“ заработија околу 100 милиони евра, а допрва треба да се објави висината на трансферот на Ребиќ во Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести