Договорот помеѓу Роберт Левандовски и Барселона завршува на крајот од оваа сезона, но иако сè поизвесно е дека тој нема да биде продолжен, сепак полскиот репрезентативец се надева дека некои работи може да се променат по клупското собрание во април.
Левандовски не сака да ја напушти Каталонија, но не планира да биде ниту резерва, а јасно е дека има неколку понуди на неговата маса, но според најавите, сè ќе биде јасно во април, кога треба да биде донесена конечната одлука.
Членот на МЛС-лигата, Чикаго, е заинтересиран за Левандовски, но и екипи од Саудиска Арабија. Сепак, неговата сопруга Ана изјави дека токму САД ќе бидат нивната следна дестинација доколку Барселона не му го продолжи договорот, а за селидба во Саудиска Арабија не ни размислуваат и покрај убедливо најбогатата понуда која ја има нејзиниот сопруг од Блискиот Исток.

