Левандовски добива конкуренција: Вернер му кажа „ДА“ на Баерн

Според најавите од Германија, Тимо Вернер прифатил да го облече дресот на Баерн Минхен по крајот на оваа сезона. Германскиот репрезентативец се одлучил да ја продолжи кариерата во редовите на „баварците“ и покрај тоа што за него се интересираа неколку гиганти од Европа, како Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Ливерпул.

Засега не е одредена сума за трансферот, германскиот шампион допрва ќе треба да преговара со Лајпциг, а во блиска иднина ќе се одредува и платата која Вернер ќе ја заработува на „Алијанц арена“.

Лајпциг се обиде да го обврзе својот најдобар голгетер на повеќегодишен договор нудејќи му двојно поголема плата, поточно 5,2 милиони евра по сезона, но тој смета дека е време да ја продолжи кариерата во клуб со поголеми амбиции. Ако Лајпциг не му дозволи на Вернер да се пресели во Баерн ова лето, тој ќе го стори тоа во 2020 година, откако ќе му заврши договорот.

Баерн и Лајпциг веќе соработуваа во вакви услови, во 2015 година Џошуа Кимих стана член на „баварците“ во трансферот вреден речиси 9 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести