Роберт Левандовски заработи повреда на мускулот на ногата и ќе мора да паузира во следните три-четири недели. Тоа значи дека искусниот голгетер нема да биде подготвен за настап на Ел Класико против Реал Мадрид кое ќе се игра на 26 октомври.
Според пишувањата на „Марка“, проблемите започнале кога Левандовски одлучил да игра во репрезентативниот дрес на Полска против Литванија, и тоа со завој на ногата. На тој меч се зголемиле болките во мускулот на ногата на Левандовски.
Ваквиот потег на Левандовски да игра за репрезентацијата воопшто не ги воодушевило во стручниот штаб на Барселона. Од клубот очекувале дека искусниот фудбалер ќе покажел малку поголема зрелност и ќе внимавал да не направи поголем проблем на мускулот на ногата, што и на крајот се случи.
Актуелниот договор на Левандовски истекува во јуни 2026 година, што значи на крајот од оваа сезона. Според сегашната ситуација, голгетерот нема да добие продолжување на договорот со гигантот од „Камп ноу“.