Левандовски ги разочара навивачите на Баерн

Роберт Левандовски потврди за германските медиуми дека нема да игра и во реваншот против ПСЖ следниот вторник.

Најдобриот фудбалер во Европа за минатата година не ќе може навреме да закрепне од повредата која ја заработи за време на репрезентативната пауза, иако претходно тврдеше дека ќе направи сè што може да биде подготвен за возвратниот четвртфинален дуел во Париз.

Баварците вечерва без нивниот голгетер ќе се обидат да остварат позитивен резултат во репризата од ланското финале против Светците.

Оваа сезона Левандовски е далеку најдобар играч на Баерн со 42 погодоци во вкупно 36 настапи.

- Оглас -

Најнови вести