Левандовски го обвини Ковач за елиминацијата: Бевме премногу дефанзивни!

Баерн Минхен за првпат по 2011 година походот во Лигата на шампионите го завршува во осминафиналето. Во првата пресметка која се одигра на „Енфилд“, двете екипи одиграа без голови, додека вчера на „Алијанц“ европскиот вицешампион славеше со 3-1. Роберт Левандовски, напаѓачот на „баварците“, за раната елиминација го обвини тренерот Нико Ковач за погрешно применета тактика во двата дуела.

„Во Англија воопшто не ризикувавме, а тоа се случи и во реваншот. Основен проблем е што не се потрудивме да нападнеме. Игравме на домашен терен, а во ниту еден момент не го применивме нашиот стил на игра, бевме премногу дефанзивни, затоа и сме елиминирани. Многу сум лут поради тоа, знам дека можевме многу подобро“, истакна Левандовски.

На германскиот шампион сега му остана да се бори за трофеите во Германија, а Левандонски смета дека таму Баерн не смее да погреши и мора да стигне до двојна круна.

„Мора да мислиме на она што остана пред нас. Нè очекуваат натпревари во Бундеслигата и во Купот, мора да ги освоите тие две натпреварувања“, додаде Левандовски.

Баерн во домашниот шампионат води „мртва трка“ со Борусија Дортмунд. Двете екипи ја делат првата позиција на табелата со по 57 бода, додека во Купот треба да одиграат меч против нисколигашот Хајденхајм во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести