1.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Левандовски го одбил Интер Мајами

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да се пресели во Интер Мајами, пренесуваат медиумите во неговата земја. Левандовски има договор со Барселона до крајот на актуелната сезона, а по неговото истекување ќе одлучува за својата иднина.

Искусниот Полјак има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола на 17 настапи и додаде две асистенции. Ова му е четврта сезона во дресот на Барселона, каде што досега прикажува одлични настапи. За каталонскиот клуб има 164 одиграни натпревари и 109 постигнати погодоци. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски настапуваше за Баерн Минхен, за кого постигна 344 гола, како и за Борусија Дортмунд, каде што стрелаше 103 пати.

Интер Мајами е клуб чија икона е Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да се пресели на Флорида пред две години, а оттогаш постепено се гради тим составен од негови блиски пријатели. Во моментов таму настапуваат Родриго де Пол, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба. За последните двајца ова беше последна сезона во кариерата.

Интер Мајами ги освои единствените трофеи во својата историја токму во ерата на Меси, МЛС купот и Лига купот на САД.

- Оглас -

Најнови вести