Левандовски ќе го пропушти Ел Класико

Барселона скапо ја плати победата над Порто (1:0) во второто коло во Лигата на шампионите бидејќи се повреди главниот напаѓач Роберт Левандовски.

Левандовски играта ја напушти во 34-тата минута и беше заменет од Феран Торес, кој го постигна единствениот гол на натпреварот, а прогнозите не се добри за напаѓачот и за Барселона.

Според весникот „Спорт“, Левандовски го истегнал зголот на ногата и ќе паузира помеѓу три и четири недели и најверојатно ќе го пропушти најголемото светско дерби, Ел класико, против Реал Мадрид кое треба да се игра на 28 октомври во Барселона, во рамките на 11-тото коло од Ла Лига.

Освен дуелот со Реал Мадрид, Левандовски ќе ги пропушти и дуелите со Гранада, Атлетик Билбао во Ла Лига, против Шахтар Донецк во ЛШ, а нема да игра ниту за репрезентацијата на Полска против Фарски Острови и Молдавија во квалификациите за ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести