Левандовски и Ројс дадоа по два гола, но се појави Пако и стана јунак (Видео)

Борусија Дортмунд го совлада Баерн Минхен со 3:2 и потврди дека во моментов е најдобар германски тим и заслужено се наоѓа на првото место на табелата во Бундеслигата, со четири бода плус во однос на баварците, а еден пред втората Борусија Менхенгладбах.

„Милионерите“ победија благодарение на голот на златната резерва Пако Алкасер со 74 минута. Шпанецот има 8 гола на првите шест меча во Германија, и тоа е најдобар биланс за еден фудбалер од 1963 година наваму.

Роберт Левандовски, кој е екс играч на Борусија, двапати му носеше предност на Баерн, но двапати изедначуваше Марко Ројс, кој сезонава има седум гола, што е изедначување на неговиот најдобар скор после 11 кола.

Ова е победничкиот гол на сезонава неверојатно расположениот Алкасер:

https://www.youtube.com/watch?v=5AZHitn0Br8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести