Напаѓачот на Барселона и полската репрезентација, Роберт Левандовски, го промени својот имиџ и за првпат стана русокос.
Напаѓачот, кој има 36 години, објави фотографија од својот нов изглед на социјалните мрежи, со опис: „Нова сезона, нова фризура, исти цели“.
Полјакот доби многу лајкови, а неговиот сонародник и тимски колега, Војќех Шченсни, исто така објави фотографија на социјалните мрежи со обоена коса, давајќи хумористичен коментар во кој ги „поткачи“ Ламин Јамал, Гави и Левандовски.
„Сите правиме грешки“, напиша голманот.