Роберт Левандовски би можел да се пресели во шампионатот на Саудиска Арабија во летото 2026 година, објавува „Диарио Спорт“.
Напаѓачот на Барселона призна дека има намера да ја продолжи кариерата во оваа азиска земја каде богато се платени фудбалерите, откако ќе му истече договорот со каталонскиот клуб. Саудијците напорно работат на промоција на својата земја со оглед на тоа дека се домаќини на Светското првенство во 2034 година и сакаат да привлечат што повеќе ѕвезди.
Полјакот, кој ќе наполни 37 години во август, е фокусиран на претстојната сезона во Барселона, која ќе биде неговата последна според неговиот сегашен договор. Ни тој ни Барса не планираат да го обноват договорот.
Минатата сезона, Левандовски одигра 52 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, постигнувајќи 42 гола.