Левандовски може да стане уште поопасен, Клозе стана помошник тренер на Баерн

Поранешниот германски напаѓач Мирослав Клозе денеска го одржа првиот тренинг како помошник-тренер на Баерн Минхен. Клозе, кој има 42 години, во претходните две години работеше како тренер во тимот на Баерн за играчи до 17 години.

„Им реков дека ќе бидам отворен тренер. Сакам активно да контактирам со фудбалерите. Верувам дека малку поголемо внимание треба да посветам на работата со напаѓачите“, рече Клозе, кој во 2014 година со германската селекција стана светски првак.

Клозе со 16 голови на Мундијалите е прв стрелец во историјата на светските првенства, па Роберт Левандовски, кој е прв стрелец на Баерн и во Бундеслигата, може да има голема полза од присуството на помошниот тренер.

- Оглас -

Најнови вести