Полска има теоретски шанси да ѝ го загрози првото место на Холандија во групата од квалификациите, па затоа сигурно ќе сака на свој терен во директен дуел со ривалот да покаже квалитет. Сепак,, Холандија игра одлично во квалификациите и во просек дава над четири гола, што може да биде најава за возбудлива пресметка.
Мемфис Депај е главен фаворит за стрелец на првиот гол, но и за стрелец во текот на целиот натпревар. Ако Полска прва погоди, секако дека тоа најмногу се очекува од капитенот Роберт Левандовски. Дури 15-мина фудбалери се во понудата за стрелец на гол.
Интересно е дека Левандовски на последниот меч во дресот на Барселона постигна хет-трик во победата на гости кај Селта Виго. Сега, против Холандија, Левандовски да постигне три погодоци е со квота дури од 40.
Специјалот нуди и комбинација да се погоди стрелец на гол и екипата која ќе победи. Тука се и понудите за мераклиите за статистички податоци за тоа колку жолти картони ќе бидат поделени, бројот на изведени корнери, направени фаули, офсајди, шутеви во рамките на голот…


