Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, внимателно ги следи случувањата околу Роберт Левандовски и е подготвен да направи потег за доведување на полскиот 37-годишен напаѓач доколку тој стане слободен агент на лето.
Тој сака да продолжи да игра за Барселона, дури и ако тоа значи помала плата и поограничена улога. Сепак, раководството на клубот е претпазливо, бидејќи Полјакот се повредува сè повеќе во последните месеци, што отвора сомнежи за неговата издржливост и идна улога во тимот. Но, според шпанските и полските медиуми, клубот веќе одлучил да не му го обнови договорот. Каталонците наводно бараат нов централен напаѓач, што сугерира дека ерата на Полјакот на „Камп Ноу“ веројатно завршува.
Слични сценарија веќе се случија во минатото, Симеоне успешно ги доведе поранешните напаѓачи на Барселона, како што беа Давид Виља и Луис Суарез.
Иако и Милан е исто така заинтересиран за Левандовски, има понуди и од Саудиска Арабија и САД, се верува дека е многу пореално да се пресели во Мадрид.