Левандовски нема да игра на Ел Класико?

На Роберт Левандовски, Жоао Кансело и Ињиго Мартинес од Барселона им се заканува опасност од добивање на зголемена казна од Дисциплинската комисија на Ла Лига, откако викендов против Лас Палмас добија жолти картони при победата од 1-0.

Беше јасно дека ако добијат жолт картон против Лас Палмас, ќе им биде петти сезонава и нема да играат во следното коло против Кадиз, но би биле „чисти“ за настап на гостувањето кај Реал Мадрид на 21-ви април во можеби клучниот меч за титулата во шпанската лига.

Има сомнежи дека смислено изнудиле жолти картони, а ако се утврди дека намерно добиле жолт картон, казната нема да биде еден, туку два меча суспензија, а тоа ќе значи пропуштање и на Ел Класико, покрај дуелот со Кадиз.

Особено картонот на Левандовски е сомнителен. На десет минути до крајот, Полјакот беше заменет, а тој многу бавно одеше кон аут линијата и судијата му даде жолт картон за задржување на времето.

- Оглас -

Најнови вести