Левандовски победи, селекторот на Полска си поднесе оставка!

Селекторот на Полска, Михал Пробјеж, си поднесе оставка од функцијата, откако загуби од Финска, ни и влезе во конфликт со Роберт Левандовски.

Најголемата ѕвезда на полскиот фудбал одлучи дека нема да игра за репрезентацијата бидејќи му беше одземена капитенската лента, а Пробјеж тоа му го соопштил телефонски. Тоа беше причина за голем скандал во Полска, а Левандовски побара селекторот да си замине.

Тоа и се случи, иако претседателот на Фудбалскиот сојуз најави дека му верува на селекторот, но на крајот се чини дека ѕвездата на Барселона ја доби битката. Полска загуби од Финска со 2-1 и си го расипа максималниот ефект во квалифиакциите за Светското првенство, а со тоа и шансите за директен пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести