Левандовски постави нов рекорд, Баерн треба да биде среќен што победи (Видео)

Баерн Минхен го победи Аугсбург со 1-0 во соседското баварско дерби, но гостинот можеше да остане и само со еден бод ако Финбогасон ја погодеше мрежата, а не стативата при пеналот во 76-тата минута. Голот вреден три бода за европскиот и германски првак го даде Роберт Левандовски од пенал.

Левандовски постави нов бундеслигашки рекорд, стана првиот фудбалер со 22 гола во една полусезона. Баерн има четири бода предност во однос на вториот Лајпциг кој исто така славеше со 1-0, против Унион Берлин.

Дарко Чурлинов играше половина час во поразот на Штутгарт од Арминија од 0-3, македонскиот младински репрезентативец влезе при 0-2. Интересно беше во Фрајбург, каде што гостинот од Франкфурт, Ајнтрахт, до 2-2 дојде среќно, со автогол на домашните. Лука Јовиќ и овојпат влезе во игра во второто полувреме како во минатото коло, но сега не даде гол.

Ова е автоголот кој го спаси Ајнтрахт од пораз:

https://twitter.com/i/status/1352000626989928448

- Оглас -

Најнови вести