Левандовски сезонава даде повеќе голови од Манчестер јунајтед, Милан, Атлетико…

Роберт Левандовски е најзаслужен за убедливата победа на Баерн Минхен против Борусија Дортмунд во мечот кој требаше да биде дерби во Бундес лигата. Голгетерот на германскиот првак даде два гола и стигна до бројката од 16 погодоци сезонава во германското првенство, а вкупно 23 во сите натпреварувања.

Со ваквиот биланс Левандовски потврдува дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Моментно е прв стрелец во Европа, а ако продолжи во овој ритам може да сруши некои рекорди во Германија. Моментно тој е на четвртото место на вечната листа на стелци во Бундес лигата со 215 голови и само прашање е кога ќе го надмине Јуп Хејнкенс кој има 220. Пред него се само уште и Клаус Фишер со 268 погодоци и недопирливиот Герд Милер со 365 голови.

Токму еден рекорд на Милер може да падне оваа сезона. Легендата има дадено 40 голови во една сезона во Бундес лигата, а фактот дека Левандовски досега има 16 голови, а до крајот на сезоната уште многу има да се игра, овој рекорд е достижен за Полјакот.

Кога ќе се види реализацијата на дел од познатите екипи во Топ 5 лигите, Левандовски сам има дадено повеќе голови од екипи од калибарот на Олимпик Марсеј (14), Манчестер јунајтед (13 голови), Атлетико Мадрид (12), Милан 11 голови досега во сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести