Левандовски шоу во Белград – Полјакот даде четири гола за 15 минути

Баерн Минхен не дозволи никакво изненадување и на гостувањето кај Црвена ѕвезда во Белград приреди гол-шоу. Германскиот првак на полувремето водеше само со 1:0, а во второто полувреме се разигра Роберт Левандовски. Напаѓачот на Баерн Минхен одигра блескави 15 минути, во кои даде дури четири гола.

Левандовски првиот гол го даде од пенал во 53-тата минута, а потоа следуваа и погодоците во 60-тата минута, 64-тата и 68-мата минута за убедливи 5:0 за Баерн. Во 77-мата минута Левандовски беше повлечен од игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести