2.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Левандовски шутна пенал и топката заврши во 20-тиот ред од трибините (Видео)

Барселона има само 1-1 по првото полувреме против Атлетико Мадрид, а главен виновник што Каталонците не водат е Роберт Левандовски.

Полскиот голгетер најпрвин утна пенал, со шут високо над голот, топката заврши кај публиката, а во првите 15-тина реда зад голот нема гледачи бидејќи тој дел од „Камп Ноу“ уште се реновира.

Само неколку минути подоцна, Леви не реализираше уште една прекрасна шанса, овојпат со шут со глава од близина, а во таа ситуација чудесна интервенција имаше голманот Јан Облак.

- Оглас -

Најнови вести