Левандовски си донесе два пара копачки за на тренинг (Фото)

Најдобриот стрелец во германската Бундеслига и еден од најдобрите голгетери во Европа во изминативе неколку години, Роберт Левандовски, ја предводи полската репрезентација на тренингот на стадионот „Тоше Проески“ пред утрешниот меч против Македонија, во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Левандовски на тренингот се појави со два пара копачки. Резервните копачки ги остави покрај аут-линијата и се стрча на теренот.

Покрај ѕвездата на Баерн Минхен, тука е и откритието на сезоната во италијанската Серија А, Кжиштоф Пјонтек. Тоа е играчот кој успеа во првата сезона да стане најдобар стрелец на два тима. Во првиот дел од сезоната Пјонтек блескаше во дресот на Џенова, а во јануари направи трансфер во Милан и на крајот заврши и како најдобар голгетер на „росонерите“ во сезоната.

Полска е главен фаворит во групата, но Македонија со игрите во претходните мечеви покажа дека може да парира и на фаворизирани ривали. Дуелот меѓу Македонија и Полска се игра утревечер, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Тоше Проески“.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести