17.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Левандовски следното лето ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во гигант од Серија А?!

Роберт Левандовски на големата фудбалска сцена настапуваше само за три екипи, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Барселона, и сите три се поранешни европски шампиони.

Сепак, може да се случи полскиот репрезентативец да настапува и за четврти поранешен шампион на Европа и тоа од Серија А. Челниците на Милан задолжени за спортскиот дел веќе оствариле првични контакти со агентите на Левандовски и се распрашале за можноста тој да се пресели во Милано следното лето.

Во моментов тешко е за очекување дека полскиот интернационалец ќе се одлучи на таков потег, но се ќе зависи и од раководството на Барселона, односно дали ќе биде ангажирана негова замена или тој ќе се остане главен во нападот на „каталонците“.

- Оглас -

Најнови вести