28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Левандовски со два збора го прокоментира мечот на кој го даде свој прв гол за Барса

Роберт Левандовски беше прогласен за најдобар играч на натпреварот од трофејот „Жоан Гампер“ помеѓу Барселона и Пумас УНАМ од Мексико, кој заврши со триумф на Каталонците од 6-0.

Полјакот, кој е најзвучното засилување за Барса, на својот прв меч на „Камп ноу“ постигна гол по две и пол минути игра, а до 19-таta минута веќе имаше и две асистенции, од кои едната феноменална. Полјакот играше до 60-таta минута, кога беше заменет со Мемфис Депај.

„Прекрасна вечер“, напиша Леви на „Инстаграм“ по одличното и негово и тимско издание.

Првиот официјален меч на Барселона во новата сезона е на 13-ти август против Рајо Валјекано.

- Оглас -

Најнови вести