Веќе две децении трае кариерата на Роберт Левандовски, еден од најдобрите голгетери на денешницата. Полскиот репрезентативец веќе 15-тина години е дел од големата сцена. Во 2010 година потпиша за Борусија Дортмунд и тогаш го покажа целиот свој квалитет и фудбалски сјај.
Во 2014 година Левандовски направи трансфер во Баерн Минхен, каде што остана до 2022 година. Потоа, како следен предизвик за Левандовски беше да го облече дресот на Барселона. Полјакот е воодушевен од приемот кај каталонскиот гигант и од тоа каков третман има во овие три сезони.
„Луѓето тука се поотворени, потопли. Што се однесува до клубот, секогаш има величествен пречек, дури и кога одите на некој претсезонски турнир. Играв и за други големи клубови, но Барселона има нешто друго. Има емоција која го прави клубот да е специјален. Од првиот ден кога дојдов во Барселона, почувствував дека сум на вистинското место“, рече Левандовски.
Полјакот размислува во Барселона не само да ја заврши играчката кариера, туку потоа и да остане во клубот да работи.