Роберт Левандовски ќе го напушти Барселона по крајот на оваа сезона, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Полскиот напаѓач, кој оваа сезона има седум натпревари и четири голови во Ла Лига, често останува на клупата за сметка на Феран Торес. Како евентуален наследник за неговата позиција се споменува 21-годишниот Камерунец Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски се приклучи на Барселона во 2022 година по успешните периоди во Баерн Минхен и во Борусија Дортмунд, а со Баерн во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.