Левандовски жонглира во одело пред претседателот на Полска (видео)

Роберт Левандовски денес беше почесен гостин на полскиот претседател Анджеј Дуда, кој му врачи медал за посебно претставување на својата земја.

Левандовски како моментално најдобар напаѓач на светот и прва ѕвезда на европскиот првак Баерн Минхен, дефинитивно е најголем амбасадор на Полска. По приемот на наградата, бомбардерот на Баварците зеде топка и жонглираше во одело среде претседателската канцеларија.

Инаку, Левандовски се подготвува за претстојните мундијалски квалификации, во кои Полска ќе ги одмери силите со Унгарија, Андора и Англија.

- Оглас -

Најнови вести