Леванте извојува победа од 4-2 против Бетис, а триумфот можеше да биде поубедлив ако тренерот на домашните Пако Лопес, не ги извадеше од игра разиграните Барди, Моралес и Рочина. Ова трио играше до 64-та минута, кога резултатот беше 4-0. Во финишот, Бетис со голови на Каналес и Хуанми го ублажи поразот и спречи поголема катастрофа.
Македонскиот репрезентативец Барди постигна гол, негов четврти сезонава во шпанската лига, а во листата на стрелците се запиша и капитенот Моралес, кој е клупски рекордер на Леванте со 35 прволигашки погодоци.